Топењето на глечерите резултираше со намалување на нивниот волумен за девет трилиони метрички тони од почетокот на набљудувањата во 1975 година, изјави портпаролката на Светската метеоролошка организација (СМО) Клер Нулис.
„Пет од последните шест години го видовме најбрзото повлекување на глечерите досега“, нагласи таа.
„Проценуваме дека од почетокот на евиденцијата во 1975 година, а ова се проценки од Светската служба за следење на глечерите, дека глечерите изгубиле вкупно повеќе од 9.000 милијарди тони, што не можеме навистина да го замислиме. Тоа е еквивалентно на огромен блок мраз со големина на Германија со дебелина од 25 метри“, истакна Нулис.
„Глечерите и ледените покривки складираат околу 70% од глобалните водни ресурси, па очигледно повлекувањето на глечерите ја осиромашува таа вода за идните генерации“, додаде таа.
фото:Freepik







