Радио Милева без тајни пред обожавателите

Славната пејачка ја води најтешката животна борба: По породувањето на 38 години и дијагностицираа рак

Славната пејачка ја води најтешката животна борба: По породувањето на 38 години и дијагностицираа рак

Британската пејачка ја сподели лошата вест во видео на социјалните мрежи, кое го откри непосредно пред објавувањето на новата песна „No Secrets“ со која планираше да се врати на сцената по четиригодишна пауза поради раѓањето на дете.

Британската пејачка Џеси Џи планираше да се врати на сцената со нова песна по четиригодишна пауза, во која го доби синот Скај со кошаркарската ѕвезда Ченан Колман.

Синглот „No Secrets“, кој зборува за спонтаниот абортус низ кој помина пејачката во 2021 година, беше објавен на 25 април, но пред објавувањето на новата песна, Џеси Џи за жал доби лоши вести.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jessie J (@jessiej)

Во видео што го сподели на социјалните мрежи, пејачката откри дека ѝ е дијагностициран рак на дојка.

Како што изјави, болеста е откриена во рана фаза.

– Малку се двоумев дали да ја споделам оваа вест. Но, знам дека сакам да ја споделам со моите обожаватели и луѓето на кои им е грижа за мене. Секогаш сум споделувала сè низ што минувам во животот – го започнала своето обраќање во видеото и продолжила:

– Пред да излезе синглот, ми беше дијагностициран рак на дојка во рана фаза. Ракот е ужасен во секоја форма, но јас „влегов во него“ рано .

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jessie J (@jessiej)

Како што додаде, во текот на изминатиот период таа направила разни тестови и не била во можност соодветно да процесира сè што ѝ се случувало.

Џеси Џ. ќе мора да се оперира подоцна ова лето.

А најтешката борба допрва доаѓа, пејачката продолжува да промовира нова песна што е најава за претстојниот шести студиски албум.

Таа додаде дека сака да биде отворена за сè и дека е свесна дека споделувањето на нејзините проблеми во минатото ѝ помогнало, бидејќи добила многу љубов и поддршка од луѓето.

И покрај сè, британската пејачка го задржала чувството за хумор.

фото:Instagram printscreen/jessiej

To top