Кога ти се погодени колегите на работа понекогаш дури и непријатностите предизвикани од нив знаат да бидат забавни и да ти го разубават денот, а и да ја сменат енергија, особено рано наутро како што тоа редовно им се случува на водителската двојка на утринската на МТВ, Ване Маркоски и Кристина Талеска.
Дека Ване е духовит, весел и секогаш насмеан тип редовно покажува преку своите видеа на Инстаграм, иако тоа се случува доста рано наутро тој секогаш е на готовс за шега и позитивна енергија.

Ване редовно ја „задева“ колешката Кики која често е уплашена од она што Ване наумил да и приреди.
Е сега, од се’ она што следбениците на Инстаграм го гледаат, се почесто почнале да му реагираат во пораки дека е лош со неа, а за тој да ги расчисти работите реши да сними уште едно видео за нештата да станат појасни.

-Една работа да расчистиме. Тие видеа каде што ја плашам мојата колешка, не се наместени, ама и не треба токлку да ви будат емоции кон неа и толку да ја жалите затоа што и она ужива во тоа. Досега би ми се налутила.
-Ама те сакам. Тоа е љубов, ама ме вадиш од кожа- се јави со реплика Кики.
-Те вадам да, океј, ајде… се надоврза Ване и додаде, извесно време ќе паузирам.
-Немој, тоа ме држи во живот.
-Ете, тоа е тоа, значи да не добивам пораки дека ја жалите и дека јас сум лош, заврши Ване.
View this post on Instagram
А за крај, односно реванш најпосле и од редовно нападнатата страна се случи атак- прст во уво, а Ване во шок!

Одмаздата беше само јасен знак дека војната допрва следи!
фото:Instagram printscreen/vanemarkoski_




