Елена Китиќ, наследничката на музичкиот пар Миле Китиќ и Марта Савиќ, денес е една од највпечатливите млади ѕвезди на комшистката естрадна сцена.
View this post on Instagram
Особено ја брануваат јавноста нејзините разголени фотографии, како што е оваа која осамна во една од нејзините последни Инстаграм објави.

Покрај нејзиниот талент, таа е позната и по тоа што многу инвестира во својот изглед. Луксузна гардероба, најновите трендови и естетските корекции се дел од нејзиниот имиџ. Додека многумина се восхитуваат на нејзиниот изглед, промените што ги направи во последните неколку години не останаа незабележани.

Елена, според шпекулациите, ги зголемила усните, го корегирала носот, ги стегнала очните капаци, а се вели и дека ги зголемила градите. Иако никогаш јавно не зборувала за тие промени, фотографиите од претходните години зборуваат погласно од зборовите.

Имено, вака изгледала кога била дете и пред сите естетски корекции.

Пејачката ретко говори во медиумите, а кога ја прашуваат за естетски процедури, секогаш останува мистериозна, што само дополнително го стимулира интересот на јавноста и ја зголемува љупоитноста.
Фото: Инстаграм/elenakitic




