Денес, Софија Спасојевиќ сподели фотографија во венчаница и ги изненади своите обожаватели. Синот на фолк дивата Лепа Брена, Виктор Живојиновиќ, повеќе не го крие својот емотивен статус, но ниту неговата избраничка Софија Спасојевиќ.

Тие двајца буквално се неразделни. Како што пишуваат медиумите, Софија наводно веќе се преселила кај Виктор.
Сепак, нејзината денешна објава збуни многумина, кои се прашуваа дали младата водителка и инфлуенсерка стапнала на лудиот камен или само се фотографирала во венчаница, бидејќи снима реклами за многу домашни и меѓународни брендови на социјалните мрежи.
– Официјално потврдено денес. Млади, само напред, нема потреба од лимузина – напиша Софија Спасојевиќ, која зрачи од среќа на фотографијата.

Инаку, по венчаницата, Софија Спасојевиќ позираше и во друга комбинација, која е исто така свечена, но малку порелаксирана. Станува збор за долг, зелен фустан и спектакуларни потпетици.

Да потсетиме, Виктор Живојиновиќ неодамна официјално стана дел од тимот на Брена, а Софија, заедно со него, ги обиколува концертите на Брена низ регионот, помага во организацијата, а кога работата ќе заврши, таа ужива во убавото време и плодовите на својот труд со своето семејство.

фото: printscreen/instgaram







