Радио Милева љубов

„Осумнаесет години заедно“: Игор Стефановски – Иџе и ја честиташе на сопругата Емче годишнината од нивниот брак (фото)

„Осумнаесет години заедно“:  Игор Стефановски  – Иџе и ја честиташе на сопругата Емче годишнината од нивниот брак (фото)

Најдобриот македонски  автомобилист, Игор Стефановски Иџе, на кратките приказни на Инстаграм, јавно и ја честиташе годишнината од бракот на сопругата Емче.

На трократниот шампион во автомобилизам во ридско-брзински трки  најголема поддршка му е сопругата, па со неа многу полесно се справува и со приватниот живот и со кариерата. На сите свечености  по многуте победи, до него секогаш е  сопругата која го придружува речиси на секоја трка, како и во најзначајните моменти.

Иџе сподели фотографија од венчавката на која се бакнуваат, а оттогаш тие заедно ги поминуваат најубавите моменти во животот.

Така по 18 години љубов првата фотографија ја надополни со уште една на која се бакнуваат со иста страс  и од моментите  поминат на тркачките патеки.

 

 

Покај кариерата, Иџе  е татко  на синот Олег и ќерката Нина, а  сопругата Емче е таа која се грижи за нив  кога тој се подготвува за победа на некоја следна трка.

фото: print Screen/Instagram

To top