Радио Милева сењорита со искуство

Партија секс или средени нокти во две минути: Маникир, педикир или предигра – дали исто му доаѓа и во која поза, најдобро знае Сењорита Мистериоза? (ВИДЕО)

Партија секс или средени нокти во две минути: Маникир, педикир или предигра – дали исто му доаѓа и во која поза, најдобро знае Сењорита Мистериоза? (ВИДЕО)

Сењорита Мистериоза, уметничко име или прекар зад кој стои слатка, синоока „сајз плус“ црнка,  чии објави колку и да ви звучат на моменти како „чиста дубиоза“,  верувајте дека во зборовите од нејзините  видеа има и тоа како вистина. Најчесто животна! Дури и да е и само половина од тоа, доволно за да ве заскокотка, заинтригира и замисли, дали некогаш сте се пронашле во нејзините „практични совети“ и „мудри мисли“?

Иако нејзиниот Инстаграм профил го следат дваесет и пет – шест илјади што и не е некоја бројка, ама затоа оваа Македонка е неодоливо симпатична иако во нејзините смешни видеа на моменти е мошне саркастична, но секако тотално откачена и необична.

Најновото видео секако ќе ве насмее, ама може и да ве замисли, во зависност од  тоа дали имате „слободен ум“ или „грешни мисли“?

Зашто паралелата помеѓу маникир, педикир и партија секс  може да звучи и вака и онака. Во зависност кому до што му е, кој што повеќе сака:  Средени нокти или „тура на брзинка“ во две минути?!

До душа, ако само ги слушате прашањата и упатствата на Сењорита Мистериоза, и едното и другото ќе ви дојде исто… Можете да ги „измешате лончињата“ ако не знаете за што се работи!

Дали  за љубовна предигра или за женска естетика?

Зашто и во едното и другото и се става и се вади, до половина или до крај, подлабоко или поплитко, покусо или подолго, должината  одговара или  е кратка, може да боли, а може и болката да е слатка, помеко – никако, поцврсто – подобро, а и позата уште ако не ти се погоди, тешко дека некој ќе те убеди и друг пат да го правиш истото. Или не барем нешто слично со истата личност!

Се на се’ дали задоволно ќе уживаш или ќе ти биде „густо“ е прашање на „минат труд“ и лично искуство!

Конечно, Сењорита Мистериоза ќе ви објасни, за што поконкретно се работи , кога од нејзин агол го доживувате средувањето нокти.

Или што би рекла самата: „Не е важна должината, битна е техниката“… Најмногу кога се работи за „оние“ работи… И за нокти, секако!

Фото: Инстаграм/senorita.misteriosa

To top