Едина Муса, поранешната кошаркарка и втора сопруга на Александар Димитровски – Мачка, бившиот маж на Тамара Тодевска, откако неодамна стана мајка за првпат, постојано споделува колку е посветена на приновата.

„Секое ново животно искуство носи свои предизвици, а доењето е еден од најголемите со кои се соочуваат многу мајки. Мајчиното млеко е најдоброто што можеме да му дадеме на нашето бебе, но понекогаш процесот на доење може да биде сложен и полн со предизвици.

Во такви случаи, измолзувањето е одлична алтернатива која му ги овозможува на бебето сите потребни хранливи материи“ – ќе сподели рускосата мама, при тоа покажувајќи дека кога не може поинаку, не се либи да ги искористи сите предности и на новите технологии.

Арно ама, малечкиот Максим не секогаш е гладен, ама затоа пак е многу често ранобуден… А бебе како секое бебе, па и Максим… Ем буден, ем бучен, зашто никако не сака да седи осамен.

Тогаш кој друг ако не мама е таа која мора да му прави друшто иако очите самите и паѓаат за спиење. Всушост едвај ги отвора за да го земе во своите прегратки… Освен ако не сте Едина Муса која има совршен рецепт како своето ранобудно, расплачено бебе да го смири одново заспие и замолчи, а при тоа многу да не се изнамачи.
Само што за тоа морате да имате и природни предиспозиции и да сте од Севишниот телесно надарени, за да не морате да се шетата горе-долу со бебето в раце низ целиот салон, туку онака „црногорски“ седејќи обајцата полека дремејќи, заедно да потонете во сон.

Па, зарем не попусто рекле: „Долги нозе за играње, кој за оро кој за кошарка, а кај Едина Муса ем за играње, ем за лулање… ко’ на лулашка“!
Фото: Инстаграм/edina_musa







