Според информации до кои дојде редакцијата на Вистина од блиски соработници на ДНК, втората половина од ар ен би дуото Андреј Георгиевски и по речиси 12 часа од несреќата во клубот Пулс во Кочани, се’ уште не е пронајден. Пејачот никаде го нема и за него нема никакви информации во ниу една од болниците кои неговите блиски и пријателите и сорботниците ги посетиле.
Според сведочења Андреј последен пат е виден како по втор пат се враќа во дискотеката за да спасува деца по избувнувањето на катастрофалниот пожар кој за само неколку минути брзо се прошири.
Најпрвин бил баран во болницата во Кочани, од каде откако нме бил пронајден ги препратиле за Штип. Но и таму по распрашувањето и проверката се им рекле дека такво лице не постои. Во меѓувреме се појавија и информации дека всушност такво лице било во штипската болница хоспитализирано, но наводно се испоставило дека се работи само за коинциденција, односно за сосема друго лице со истото име и презиме, а не и пејачот на ДНК.
Во скопските болници Андреј го барало неговото семејство, но и таму добиле одговор дека такво лице не примиле на ниту една од нивните клиники.
Засега нема ниту неофицијални, а уште помалку официјални информации за тоа каде се наоѓа пејачот на ДНК, Андреј Георгиевски.
Фото: Инстаграм/ andrejdnk







