Во прекрасниот амбиент на ресторанот „Бир гарден“ во Дебар Маало, легендарната фолк пејачка Соња Тарчуловска ја претстави својата најнова песна „Црвено“ заедно со импресивен видеоспот. Вечерта доби уште поголем сјај со неочекуваното изненадување – промоција на урбаната ремикс-верзија на нејзиниот безвременски фолк хит „Во бело“.
Настанот привлече голем број медиуми, колеги и обожаватели, а меѓу присутните кои ѝ дадоа поддршка на Соња беа и реномираните музичари Браќата Тавитјан.
Атмосферата беше исполнета со позитивна енергија, што ја направи вечерта незаборавна за сите присутни.
Со оваа промоција, Соња Тарчуловска уште еднаш докажа дека нејзината музика останува безвременска, а нејзините хитови продолжуваат да живеат во нови и современи аранжмани.
Погледнете го видеото кое го изработила „Томато продукција“, додека за ремикс верзијата на песната „Во бело“ миксот, мастерингот и аранжманот ги потпишува Andrejnik.
Во спотот покрај пејачката се појавуваат танчарките од танчерското студиото „Лебед“.
-По толку голема пауза се вратив таму каде што припаѓам, во музиката. Што поради настаните кои веќе ви се познати, што порди мајчинството, требаше да се изрснат три деца, еве ме назад во музиката, мојата најголема љубов. Му благодарам на семеејството за поддршката, бидејќи да не беа тие не знам дали ќе направев ваков чекор, рече Сoња.
За големиот хит „Во бело“, кој и ја обележа кариерата, рече дека направила ремикс на барање на пoмладата публика.
-Постојано ми велеа дека оваа песна треба да ја приближам до младите, најгласна беше ќерка ми Мелани, која ми рече дека многу ј барле на настапи. И така се случи „Во бело“ да продолжи да живее во еден поинаков, урбан стил, рече таа. Соња за во иднина најави и неколку изненадувања, но, како што рече, се уште е рано да се зборува за тоа. -Ќе има, но сега ми е најважно овие песни да прдолжт да живеат, рече Соња.
Во продолжение погеднете го и видеото за „Црвено“ кое исто така го изработи „Томато продукција“ во ноември 2022 година.