Актерката Хали Бери привлече големо внимание на Оскарите во 2025 година кога му даде сочен бакнеж на колегата Адриен Броди.
Хали Бери и Адриен Броди го реконструираа познатиот бакнеж од пред 22 години што се случи на Оскарите кога ја доби наградата за најдобар актер во филмот „Пијанистот“.
A reunion 22 years in the making. #Oscars pic.twitter.com/MkaF2xb6SE
— The Academy (@TheAcademy) March 2, 2025
Интересно, на оваа необична сцена присуствуваше и партнерката на Броди, Џорџина Чепмен, поранешната сопруга на Харви Вајнштајн.
Да потсетиме дека филмот „Анора“ доби Оскар за најдобар филм. Од шест номинации, филмот освои пет.
Анора е млада сексуална работничка од Бруклин, која веднаш по средбата се омажи за Вања, син на руски олигарх. Кога веста ќе стигне до Русија, родителите на младоженецот се упатуваат кон Њујорк, решени да го поништат бракот.
фото: Instagram printscreen/halleberry