Светлана Цеца Ражнатовиќ и Наташа Беквалац привлекуваат внимание каде и да се појават со своите комбинации на облека.
Пејачките, судејќи по фотографиите, имаат сличен вкус, а ваквиот моден дуел меѓу Цеца и Беквалац го наметна неизбежното прашање – чиј елегантен фустан изгледа подобро?
Станува збор за фустан од познат домашен дизајнер чија цена е 600 евра. Цеца ја носеше оваа креација што се лепи за телото на настапот во Марибор во средината на март.
Наташа, пак, за снимање избра идентичен фустан под кој за разлика од постарата колешка носеше мрежести чорапи. Својот стајлинг го комплетираше со сандали на високи потпетици, додека русата, пуштена коса и шминка ја истакнаа нејзината природна убавина.
Споменатиот фустан ја следи линијата на телото, а воедно ги открива рамениците и има длабок шлиц, па не е ни чудо што модниот дуел меѓу Цеца и Наташа Беквалац се најде во центарот на вниманието.
Инаку, Наташа неколку пати пред медиумите истакна дека сака да биде убава и негувана, дека и е важно да биде иновативна и различна, но призна дека и нејзината помлада сестра Кристина, која е стилистка од професијата, главно е одговорна за нејзиниот стајлинг. – Мајка ми никогаш нема да се помири со фактот дека засекогаш ќе бидам полугола. Мислам дека сите жени се убави и не гледам никаков проблем во тоа што жената сака да го покаже своето тело во границите на пристојноста – изјави неодамна таа за Курир, а на прашањето кој е најубавиот комплимент што го добила во нејзиниот живот, таа рече: – Мислам дека ваков комплимент допрва следи. Секогаш го очекувам најдоброто.
Фото: printskrin/instagram