Младата, црвенокоса, убава и харизматична прилепчанка Александра Трајческа откако блесна и минатогодишниот „Макфест 2024“ со песната „Навика“, како по навика и новогодишните и божиќните празници ги дочека далеку од дома.
Имено, како што е помалку или повеќе познато, Александра како и Ноне, по неколку месеци во годината работи на прекуокеанските крузери, но таа за разлика од „најпрошетаната велешанка“ и таму е пејачка и го пее својот задолжителен музички репертоар.
„Јас не ни знаев што е тоа крузер, морав да гуглам (се смее). Јас на одмор претходно најдалеку до Охрид имав појдено, а не пак да зборуваме за медитеран. Најпрво не го познавав концептот на крузер. И морав да истражувам што значи тоа и дека ќе бидеме 2.000 луѓе вработени и уште 6.000 гости. Јас бев на еден од најголемите крузери во компанијата. Многу ми се допадна што се е професионално.
Ги нема оние приказни – ќе се договориме кога ќе дојдеш, како, што… Се си е договорено и однапред се знае што пееме, колку пееме, како треба да изгледаме на сцена, колку време тоа би траело, колку точно сме платени… нема ајде уште една песна, шоуто трае додека трае. Ти си забавата. Нема тука простор да читам текст од некоја песна. Страшно професионално. Репертоарот кој што требаше да го подготвам пред да заминам беше 250 песни, кои ги научив за месец и половина, речиси два месеци“, раскажа неодамна Александра во поткастот за ОТВ – Прилеп каде откри многу работи за себе кои само малкумина ги знаат.
View this post on Instagram
Кога веќе новогодишните празници ќе те затекнат работно далеку од дома, редно е да си најдеш малку време и за себе, да си дадеш куса оддишка од работата, во случајов на Александра пеењето.
Дестинацијата и временските прилики многу поразлични од оние дома, па Нова Година може да се празнува и по бикини на плажа. Локацијата каде што ја затекнаа празниците претходно ни на сон не ја сонувала, а камо ли за неа да учи нешто во училиште, но откако ја доживеа таа убавина, вети дека никогаш нема да ја заборави, зашто на сончевата и песочна Аруба се почувствува како во светилиште.
И додека некои ги шетаа новогодишните базари, младата прилепчанка уживаше во една поинаква егзотика „за сите пари“! Капењето во отвореното спа и бања како нејзино омилено место, можеби не го практикува често, но не ја пропушта секоја прилика дали во друштво или сосема сама да се препушти на топлата бањска нирвана!
View this post on Instagram
Ама Нова Година не е тоа што е ако нема елка… Затоа пејачката тргна да ја бара и ја најде… на плажа! Нејзината елка до душа изгледа малку необично. Дрвена е, а не пластична и иако не е жива е мошне впечатлива, живописна и многу поегзотична! Впрочем, како и дестинацијата на која пејачката се нашла, за да се фотографира покрај неа!
View this post on Instagram
Фото и видео: Инстаграм/alexcheska