Луна Ѓогани ужива во бракот со Марко Миљковиќ, со кој има две ќерки – Миа и Лана.
Имено, Луна на млада возраст стана мајка, а сега признава дека пред неколку години имала поинакви планови.
– Ги остварив моите соништа. Не планирав да бидам млада мајка, да се мажам толку рано и да имам деца. Мислев дека ќе биде после 30, но дојде Марко Миљковиќ и ми ги уништи сите планови – искрена е Луна и додава:
– Драго ми е што утре, кога ќе пораснат, ќе бидам нивна мајка и пријателка, како јас и мајка ми. Мило ми е, кога си млад е полесно, имаш повеќе нерви и трпение, а сега ми е драго и ништо не би променила – изјави таа во емисијата „Без филтер со Сара Миа“.
Луна признава дека мајчинството е исклучително тешка улога.
– Не е лесно да се организираш со две мали деца. Само кога поголемата ќерка е во градинка, а има кој да ја чува помалата. Може да биде хаотично и тешко, да не кажуваме шарени лаги, но секако е најубавото нешто што една жена може да го доживее – објаснува Ѓогани и открива дали се кае за нешто што пропуштила со тоа што рано му се посветила на семејството.
– Преживеав доста и излегував и поминав низ сѐи сешто, единствено што планирам да направам кога ќе пораснат е да патувам на некои дестинации што не сум ги видела, ми недостига времето и малку тишината, но тогаш ми недостигаат моите деца и така е – искрена е Луна .
фото: принтскрин/instgaram