Гоца Тржан беше на гала прославата на Жељко Јоксимовиќ и по тој повод откри каков е тој кога ќе се исклучат камерите.
Позната по остриот јазик и самата е свесна дека многумина имаат погрешно мислење за неа, на самиот почеток на интервјуто за насобраните медиуми изјави колку долго се познава со својот драг колега.
– Јас и Жељко се знаеме од почетокот на неговата кариера. Почнав со групата „Тап 011“ малку пред него, а го паметам од фестивалот во Будва – рече Гоца Тржан, откривајќи колку Жељко се променил од почетокот на кариерата:
– Многу се промени, на подобро, порасна во секоја смисла на зборот. Во животот треба да се работи за сѐ да биде подобро. Тој никогаш не бил човек кој бара совет. Тој многу добро знаеше што сака. Свиреше и пееше брилијантно и не сакаше совети.
Гоца истакна дека Јоксимовиќ има сосема поинаков пристап кон пријателите во однос на тоа како се претставува пред камерите.
– Тој е сериозен професионалец, приватно е еден од најдуховитите луѓе што ги познавам, луѓето кои не го познаваат, имаат поинаков поглед кон него, како што за мене мислат дека сум вештерка, а сите знаете дека не сум. Мислам дека на некоја група луѓе оставам впечаток дека сум препотентна и досадна, бидејќи имам директен пристап и не ги бирам често зборовите, изјави таа.
фото: printscreen/Instagram