ТВ водителката Сања Савеска и шеф Никола Мишковски беа гости во поткастот на ТВ Сител кај Спасе Јовановски или попознат како Рола до Бола.
Домаќините на кулинарското шоу „Брза кујна“ разврзаа јазик за работи поврзани со емисијата за кои досега не проговориле, па така Сања призна дека е една од многуте што на почеток не верувала дека се готви за 20 минути.
-Ден денес кога ќе заврши гледам вистина е, викам, тоа се мајстори врвни. Нема збор, ниту за шеф Никола, ниту за шеф Боби, им поласка Сања, а призна дека е многу стрвна и дека пробува од се’, само умерено.
Познато е дека секоја домаќинка си има свој начин и тајни во готвењето, а особено тоа е така и за врвните шефови. Никола Мишковски пред камери направи преседан, па за најавтентичното македонско јадење, направи предесан и ја откри тајната на совршеното тавче- гравче.
-Кога запржувам гравче обавезно лажица ајвар ставам, тоа е една моја тајна која што сите што го пробале тавче-гравчето се воодушевени, е тоа само заради ајварот. Тоа ми е предност, несебично шеф Никола ја сподели својата шефовска тајна со сите.
View this post on Instagram
Ваква прилика ретко се случува, а ваквата тајна веруваме дека ќе ја пробаат сите, особено кога е споделена од врвен готвачки мајстор.
Епа, наздравје совршеното тавче- гравче!
фото: Facebook/ Nikola Mishkovski/Instagram printscreen/ sitel.tv/nikola_mishkovski