Пејачката Драгана Мирковиќ се разведува по 24 години брак од Тони Бијелиќ, а сега јавно се огласи и нејзината ќерка Мануела.
Децата на пејачката и бизнисменот воопшто не се огласуваа, а како што изјавила и самата Драгана, извесно време не живеат со неа во замокот.
Мануела не сака да се експонира во јавноста, а сега на својата приказна објави заедничка фотографија со нејзината мајка Драгана и го објави само емотиконот „срце“.
Драгана ја објави сликата на Мануела и се пофали со неа.
Да потсетиме, Драгана преку Инстаграм апелираше дека некој со лажен профил со месеци се претставува како нејзина ќерка на истата мрежа.
– Веќе подолго време една девојка се претставува како мојата ќерка Мануела и се допишува со луѓе. Ова е нејзиниот лажен профил на Инстаграм и Фејсбук. Мануела има заклучен профил и секој друг е лажен – напиша Драгана Мирковиќ и додаде:
– Ова е кривично дело. – изјави пејачката со скриншот од профилот и назнака со црвени букви „лажна!“.
фото: printskrin/instgaram