Пејачката Анастасија Ражнатовиќ и нејзиниот сопруг фудбалер Немања Гудељ прославија две години љубов. Aнастасија Ражнатовиќ денеска на својот Инстаграм профил објави фотографија на која позира со Немања Гудељ.
Таа во описот на објавата им се пофали на следбениците дека слават две години, а неколку часа подоцна објави сторија во која покажа како тој ја израдувал.
Имено, Немања нивниот луксузен дом во Севиља го украсил со балони на кои на англиски пишувало „Среќни две години“.
Додека пак, Анастасија јавно му напиша емотивна порака дека го сака најмногу на светот.
View this post on Instagram
фото: printskrin/instagram/raznatovicanastasija