Веќе дел од традицијата на „Винодонија“ и редовна „претстава на репертоарот“ во делот на едукативни работилници и мастер класови „Во светот на меурчињата“ истовремено ќе ве освежи, упати и прошета низ широкиот свет на пенливите вина.
Многу информации за историјата, начинот на производство, вински региони, категории и видови на пенливи вина, протоколи на сервирање, нивно спарување со храна и се разбира дегустација на различни видови пенливи вина присутни на македонскиот пазар. Одличен и незаменлив начин да го почнете вашето винско патување на годинешната „Винодонија“
Предавач: Александар Вучковски, сомелиер
Датум: 13-ти декември 2024 година со почеток во 11:00 часот.
Локација: Мериот хотел
Meeting Room D (прв кат)
Картите за работилницата се во ограничен број и истите може да ги купите со клик на ОВОЈ ЛИНК