Поранешната риалити учесничка Маја Маринковиќ реши оваа сезона шоуто да го следи на малите екрани и не им се придружи на учесниците во Шимановци, туку, како што вели, се посветила на себе.
– Се посветив на себе и ставам нови заби, моментално имам пробни. Постојано правам нешто на себе, засега сум задоволна, но тоа кај мене никогаш не се знае.
Покрај тоа, јас сум активна на TikTok и посветувам време на луѓето што ги сакам. Ништо посебно, но уживам во животот. Најважно ми е да најдам внатрешен мир, бидејќи мојот живот е хаос и лудило и сега се ми е супер, се е цакум – пакум – изјави Маринковиќ за „Супер ТВ“, а потоа зборуваше и за приходите што ги има од надвор.
– Можете да заработите пари на таа социјална мрежа. Никогаш претходно не сум ја практикувала, но морам да признаам дека што и да сум наумила, одам по тоа. Морам да кажам дека ми оди одлично и нека остане така. Преку таа социјална мрежа заработив многу и повеќе од пет илјади евра – рече таа.
фото: Instgaram/printscreen/majaamarinkovic