Поради сериозни здравствени причини веќе закажаниот концерт на Бисера Велетанлиќ и Васил ХаџиМанов Трио се откажува. Концертот требаше да се одржи на 17-ти ноември во недела во Македонската филхармонија.
„Поради посериозна настинка, Бисера не е во можност да настапи на концертот оваа недела, па останува истиот да го презакажеме за некои посончеви и потопли денови, на пролет“, известуваат од Авалон продукција.
Сите влезници купени онлајн ќе бидат автоматски рефундирани од страна на ticketx.mk, а за сите оние останати влезници кои што се купени во некоја од продажните локации, од Авалон советуваат да се обратите на истото тоа место за рефундација.