Петра Дуганџиќ тајно се омажи за нигерискиот фудбалер Мако Нобл, а потоа ги откри деталите за нивната љубов.
Актерката го запознала својот сегашен сопруг за време на патувањето во Африка, кој веднаш ја освоил и набрзо започнале врска на далечина.
„Се заљубив во начинот на кој размислува Мак, во начинот на кој отворено сака и почитува жена. Исто така, постои изреката „штом еднаш ќе пробаш црно, нема враќање назад“, која се покажа како вистинита за мене.
За време на допишувањето и љубовта на далечина се поставуваше и прашањето кој каде ќе дојде“, изјави таа за Story.hr.
Мак сакал да дојде во Европа, а таа во Африка, а потоа нашле начин тој да дојде во Хрватска.
„Мак дојде со туристичка виза и тука почнува голготата низ која поминавме со хартии и бирократија. Веднаш штом пристигна почна да тренира и додека му важеше туристичката виза играше за еден од нашите третолигаши фудбалски клубови. Бевме среќни што сме заедно и се обидувавме да најдеме начин веднаш да ја продолжиме визата за да не мора да се врати во Нигерија“, објаснила таа.
View this post on Instagram
фото: printscreen/instgaram