Пејачката пред камерите за тамошните медиуми проговори за претстојниот концерт, но и за Јована Јеремиќ со која е во конфликт откако поради неа ја напушти емисијата на Огњен Амиџиќ.
Пејачката Тања Савиќ ги прави последните подготовки за својот солистички концерт во Арена, а како што се наближува 23 ноември, возбудата е се поголема.
– Немам никаков сценски страв, но веројатно ќе ми дојде подоцна пред самиот концерт – изјави Тања за Информер.
Како што изјави водителката Јована Јеремиќ на роденденската прослава дека после се би сакала Тања да ја покани на концерт, а можеби и да пее заедно на сцената, ја прашале пејачката дали ќе и ја исполни желбата на водителката.
– Тоа би било спектакл! Кога би дошле и нејзините и моите фанови, мислам дека ќе ни требаат две Арени – изјавила Тања.
фото: printscreen/Instagram