Радио Милева „ептен љубовна“

Кој не искусил, не знае: Игор Џамбазов со потсетување за тоа каде може да се најде безусловна љубов (видео)

Кој не искусил, не знае: Игор Џамбазов со потсетување за тоа каде може да се најде безусловна љубов (видео)

Љубов, возвишено чувство до кое може да те донесат повеќе нешта… Љубов, инспирација која е појдовна точка за уметноста, особено онаа на ноти. Љубов, чиста и безусловна, форма до која и најтешко се допира или можеби пак лесно ако самите го најдме вистинскиот пат, а Игор Џамбазов многу добро го знае.

Како искусен, патот Игор може да го оди дури и на слепо, а да верува без резерва, но само за еден вид и поинаков од човечкиот. Веќе погодувате, Игор таа безусловна љубов ја наоѓа кај животните, па дури и кога рекол дека нема повторно да се даде по тешките разделби, тој повторно ја наоѓа вистинската, овој пат неговата Ферхунде.

Затоа, утрово тој се јави со едно потсетување до сите хомосапиенси и негови следбеници на Инстаграм кои ако искусиле  да имаат животинче, точно знаат за што зборува, оние што не искусиле, да пробаат, а третите кои не преферираат милници, никогаш и да не дознаат за што тоа се зборува и чувствува.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Igor Djambazov (@igordzambazov)

-Само животните знаат да сакаат безусловно.
Ние, семоќните хомо-сапиенси, како да го заборавивме тоа, пишува Игор во описот на објавата залепен до неговата Ферхунде.

Љубовната инспирација кај него е непресушна… Деновиве пееше и за оние другите љубови, за жените- вистинските, лажните и замислените во неговата најнова песна „Ептен љубовна“ заедно со Сара Мејс и „The Girlz“.

-Песнава ја пишував во етапи. Пишувана е за неколку жени. Една вистинска, една лажна и неколку замислени. Затоа и се вика ептен љубовна…многу љубов има вложено во неа. Уживајте!

Кои се лажните и замислените не знаеме, ама за онаа вистинската е јасно која е – неговата сегашна, една и единствена Ферхунде.

 

фото:Instagram printscreen/ igordzambazov

To top