Радио Милева претскажувачи

Лидерот на „Меморија“ на необичен начин му ја честиташе победата: Иако гласовите уште до крај не преброени, Перо – Камиказа и сликовито покажа дека за него Трамп е новиот претседател на САД!

Лидерот на „Меморија“ на необичен начин му ја честиташе победата: Иако гласовите уште до крај не преброени, Перо – Камиказа и сликовито покажа дека за него Трамп е новиот претседател на САД!

Изборите за кој целиот свет има најголем интерес завршија. Народот на САД гласаше, сега се пребројуваат гласовите, според кои републиканскиот кандидат Доналд Трамп е во предност. Според многумина, многу извесно дека тој ќе биде новиот претседател на најмоќната земја на светот. И тоа по втор пат, иако не во низа!

И додека светот чека официјално да биде обзнането кој е новиот американски претседател, во Македонија не чекаат некој друг да им каже. Знае Македонецот однапред што чќе се случи… Имаме традиција во предскажувањето и предвидувањето. Па не попусто баба Ванѓа била Македонка, нели?

Некои познати Македонци први му ја честитаа победата на новиот американски претседател. Се разбира нивниот избор во предвидувањата е Доналд Трамп.

Двајца Петари – едниот актуелен политичар другиот несуден, ама затоа познат музичар уште со првите петли рано посабајле пребраа гајле и на своите Фејсбук профили обзананија дека за нив победата на Доналд Трамп е завршена работа.

Имено, Петар Богојевски – лидерот на „Национален концепт“  во честитката на сѐ уште непотврдениот веќе скрои свој концепт што очекува од трампова Америка во врска со Македонија. Останува само уште Трамп и официјално да победи.

Овој вториот Петар (Георгиевски), попознат како Перо – Камиказа со „уметничко дело“ во вид на фото морф покажа за кого е кога е американското гласање за претседател во прашање.

Лидерот на „Меморија“  покрај  фотомонтажата со трамповската имиџ фризура, сподели дека и кога во претходниот мандат Трамп победи тој бил во САД каде трчале маратон, па се обложил дека републиканецот победува. Ќарот бил 1500 долари,  додека годинава поучени од претходното искуство со „претскажувачките моќи“ на Перо Камиказа, на повеќето им било страв да се обложат… за повторно да не зијанат!

Како и да е несудениот политичар и познат музичар е на добар пат и овој пат да погоди кој во наредните години Америка ќе ја води. А и Трамп фризурата можеби е најава за нешто скриено „меѓу редови“… Впрочем, Петар Георгиевски – Камиказа беше кандидат за градоначалник на последните локални избори каде освои завиден број гласови и на многумина им ги помати плановите.

„Офф ‘д рекорд“ најавуваше кандидатура и на претседателските, но сепак не се кандидираше, ама кој знае… Следните локални избори се догодина, а новата година е на прагот… Можеби ова е „латентна најава“ за нова кандидатура на лидерот на „Меморија“ чија концертна славеничка фешта публиката ја очекува на 16 ноември во скопската арена „Борис Трајковски“?!

Фото: Јутјуб – принтскрин и Фејсбук/Petar Bogojeski/Petar Georgievski – Kamikaza

 

To top