Радио Милева никогаш по поемотивен

„Те сакам’ како што заслужуваш…“ – Раста сподели фотографии од семејниот албум (фото)

„Те сакам’ како што заслужуваш…“ – Раста сподели фотографии од семејниот албум (фото)

Раперот Стефан Ѓуриќ Раста се труди својот приватен живот, семејството, поточно родителите да ги држи подалеку од очите на јавноста, па според тоа јавноста немаше можност многупати да го види со татко му и мајка му.

Вчера, 4 ноември, тој имаше одлична и прекрасна причина да објави речиси досега невидени семејни фотографии.

Имено, тој објави колаж од семејни фотографии од детството на кои позира со мајка си и татко му, а на татко му на емотивен начин му го честиташе роденденот:

– На најдобриот и најголемиот човек на планетата, како што заслужува, му посакувам се најголемо и најдобро. Тато, благодарам за сѐ – напиша раперот и додаде неколку емотикони со срце.

Инаку, Раста потекнува од угледно семејство на интелектуалци. Раста е роден во Приштина во 1989 година, а како дете се преселил во Белград.

Неговиот татко Драго Ѓуриќ е професор по класична германска филозофија на Филозофскиот факултет, а неговата мајка Слаѓана Ѓуриќ е професорка на Факултетот за безбедност.

Раперот, кој е роден во Косово, еднаш изјави дека неговото напуштање на родното место било драматично за неговото семејство и за него.

фото: printscreen/instgaram/stefanrasta

To top