Промотер

Александра Трајческа знае дека оган и вода не одат во исто време, ама сепак ги практикува… по -„Навика“ (ЛИРИК ВИДЕО)

Александра Трајческа знае дека оган и вода не одат во исто време, ама сепак ги практикува… по -„Навика“ (ЛИРИК ВИДЕО)

Фестивалот на забавни мелодии „Макфест“ каде втора година по ред ја гледаме младата, интересна, убава и харизматична прилепчанка Александра Трајческа. Таа има 20 години и подолг временски период се занимава со музика. За време на основното училиште има учено пијано и соло пеење, додека пак после првата година средно музичко во Битола, се враќа во Прилеп на сосема друга насока во образованието.

Александра по неколку месеци  работи на крузер, каде и таму е пејачка и го пее својот задолжителен музички репертоар.

„Јас не ни знаев што е тоа крузер, морав да гуглам (се смее). Јас на одмор претходно најдалеку до Охрид имав појдено, а не пак да зборуваме за медитеран. Најпрво не го познавав концептот на крузер. И морав да истражувам што значи тоа и дека ќе бидеме 2.000 луѓе вработени и уште 6.000 гости. Јас бев на еден од најголемите крузери во компанијата. Многу ми се допадна што се е професионално. Ги нема оние приказни – ќе се договориме кога ќе дојдеш, како, што… Се си е договорено и однапред се знае што пееме, колку пееме, како треба да изгледаме на сцена, колку време тоа би траело, колку точно сме платени… нема ајде уште една песна, шоуто трае додека трае. Ти си забавата. Нема тука простор да читам текст од некоја песна. Страшно професионално. Репертоарот кој што требаше да го подготвам пред да заминам беше 250 песни, кои ги научив за месец и половина, речиси два месеци“, раскажа неодамна Александра во поткастот за ОТВ – Прилеп каде откри многу работи за себе кои само малкумина ги знаат.

Инаку променета во необична црвена комбинација, Александра и годинава настапи (по вторпат) на „Макфест“. Овој пат со композицијата „Навика“ која со својот извонреден и сценски настап и уште поубавата вокална интерпретација ја донесе на сцената, со што ги собра аплаузите на присутните и впечатоците на пошироката јавност.

„Оган и вода не одат во исто време, на исто место, но еве сум пак до тебе. По навика, и оваа година се видовме на Макфест. Гордо ви ја претставам, „Навика“, песната со која се претставував на Макфест 2024. Се надевам дека ќе ви се допадне“ – споделила Александра споделувајќи ја песната на социјалните мрежи, преточена во лирик видео.

Инаку, комплетен автор (музика, текст, аражман) на оваа едноставно слушливо поп парче  е Зоран Алексиќ, а истата е продуциранаво “351 студио“.

Како звучи нејзината „Навика“ визуелизирана со стиховите од песната проследете во продилжение:

 

 

 

 

To top