Љубов и секс

Корисни совети за полесно раскинување на врската која останала недефинирана

Корисни совети за полесно раскинување на врската која останала недефинирана

Крајот на врските никогаш не е лесен, а уште потешко е ако сè уште постои љубов барем од едната страна.

 

Но, добрата вест е што оваа фаза на скршено срце е надминлива и дека болката нема да трае вечно. Уште подобро е што после таквиот прекин, ќе имате можност повторно да се вљубите.

 

Кога се работи за раскинување на врска, во просек се потребни 11 недели за да се чувствувате добро, додека за развод е нешто подолго, околу 18 месеци. Но, ова зависи од личност до личност, поради различните емотивни состојби и навики.

 

Сепак, постојат четири чекори кои морате да ги поминете, за да преболите некого:

 

Дајте си доволно време

За некои, крајот на врската предизвикува голема тага. Доколку веќе не се слушате и гледате, тоа може да биде застрашувачко чувство. Дајте си време да тагувате, но и да почнете да се помирувате дека таа личност веќе нема да биде во вашиот живот.

 

Многу е веројатно дека секојдневните обврски ќе ви го одвлечат вниманието, но кога сте сами и слободни, не потиснувајте ги чувствата, дозволете си да се чувствувате тажно и лошо и целете кон закрепнување.

 

Одвојте време само за себе

Крајот на врската е одлично време да пронајдете нешто што ве интересира лично вас, без да треба да го поделите тоа со друга личност. Иако звучи како клише, но времето за себе ви е и повеќе од потребно.

 

Вратете се на старите хобија, обновете ги нештата кои сигурно сте ги запоставиле поради врската, дружете се. Само така во следната врска ќе успеете да влезете со поголема самодоверба отколку во претходната.

 

Ако ви треба, побарајте помош

Ако кон целта да се чувствувате подобро ви е потребна и помош, не двоумете се да ја побарате. Често врската прекинува еднострано, што го доведува до шок другиот партнер, кој е тој што е оставен и повреден.

 

Секако, разговор околу своите чувства било со блиска личност или со психолог може да отвори многу други аспекти кои ќе помогнат во преболувањето.

 

Запомнете, ако сте оставени еднаш, тоа не значи дека не вредите да бидете сакани. Можеби само ви треба повеќе време и потежок пат да ја најдете својата среќа.

 

Времето лечи сè

Многупати сме го чуле ова, но ако не било точно, тогаш немало да остане толку цврсто вкоренето во верувањата. Како што поминува време, така спомените на врската ќе бидат многу помалку болни.

 

Секако, не можете да ги спречите напливите на тага и носталгија, но не обвинувајте се себе за тоа. Дајте си простор да размислите што сте можеле да направите поинаку и веќе во следната врска ќе влезете како најдобрата верзија од себе.

Извор: Попара

To top