Радио Милева љубовен роман во најава

Џамбазов за љубовта… Онаа вистинската на неговите родители: „Маестро 27 години ја тажеше мајка ми“ (видео)

Џамбазов за љубовта… Онаа вистинската на неговите родители: „Маестро 27 години ја тажеше мајка ми“ (видео)

Што би рекол тој, нивниот Игор: „За некои луѓе, смртта е само ваучер за во вечноста…“- мислејќи на неговите родители, големите Александар и Анче Џамбазови.

Анче заминана во венчоста пред 27 години, додека за маестро Џамбазов наскоро наближува помен од три години откако е на истото место кај неговата сакана – таму горе, заедно во вечноста.

Токму за оваа емотивна и болна тема за загубата на родителите, шоуменот Игор Џамбазов зборуваше во поткастот „Равенка за успех“ кај Маја Поцевска.

-Ми текнува на татко ми Џамбаз како ја спушта мајка ми со ковчегот и како зема земја од тоа купчето. Ја фрла тоа земјата и само се поднаведна и вака кажа „што ќе правам сега ја без тебе?“. Невероватно! 27 години ја тажаше мајка ми. Разбирате ли вие?! Се сеќавам еднаш му понудив карти за опера, некој гостуваше што он го знае, да оди со негова една комшика на која мажот и почина пред неколку години, исто така беше музичар и се познаваа. Таа прифати од прва со маестро да иде на опера а тој:„срам да ти е!“- ми рече, „за мене постои само мајка ти Анче“, абе викам Џамбаз, на опера да одиш, да правиш муабет, „ не никогаш вакво нешто веќе да не си ми рекол!“. Мислам дека мајка ми и татко ми беа многу блиску до тоа. И сега откако умре стариот, со сестра ми чепкаме по некои кутии и во една кутија… ќе направам книга од тоа. Во една кутија најдов писма на мајка ми што му ги праќала на татко ми во војска, бил година ипол. Значи секој ден… Околу 500 писма. „Љубов моја, денес е четврток…“


За потсетување, масестро Александар Џамбазов почина во месец јануари 2022 година, додека племенитата македонска филмска и театарска актерка Анче Џамбазова во месец септември 1997 година.

Слава им!

фото:Instagram printscreen/ igordzambazov

To top