Пејачката Теа Таировиќ постигнува значаен успех во кариерата, а неодамна ја воодушеви белградската публика со одржувањето на два спектакуларни концерти во „Белградска арена“.
Теа сега одлучи да сподели непознати детали од нејзиниот живот, вклучително и приказни за семејството и пријателите кои и дадоа голема поддршка во текот на нејзината кариера.
– Кога се во прашање моите искрени пријатели, можам да ги избројам на прстите од двете раце. Се движам во истиот круг на луѓе и станавме семејство. За време на концертите многу ми помагаше кумата која не се занимава со оваа работа. Ниту еден вистински пријател никогаш не исчезна од мојот живот. Затворена сум за нови пријателства и слушам совети од родителите, пријателите и колегите – изјавила Теа која почнала да работи уште кога била малолетна:
– Нема посебен рецепт, само се трудам и публиката може да го препознае тоа. Почнав кога имав шеснаесет години, а денес кога гледам некои од новите деца кои ги градат своите кариери, тие се кинат и не ги прават истите грешки што ги правев јас. Колегите ми рекоа: „Теа, како луда работиш на себе!“. Сега велам дека се во право.
Теа откри и дека тешко си простува за грешките, а потоа откри и за што најмногу жали кај себе.
-Можам да разговарам за што било со моите пријатели и да кажам што било пред нив. Не би рекла дека озборуваме, тоа е многу малку и невино. Никогаш не сум ја преминала границата за да наместам нешто некому или да го направам тоа во ситуација и место каде што тоа би можело некому да му наштети. Никогаш не би го направила тоа, а искрено, најмногу се озборувам себеси. Она што го кажувам за себе е скандалозно, бидејќи ми е тешко да си простам за моите грешки и работам да се подобрам. Секогаш барам влакно во јајцето – изјави Таировиќ која не сакаше да зборува за емотивниот партнер со кој ужива во љубовта последните неколку месеци:
– Никогаш не сум продавала приватни информации за да бидам во очите на јавноста. Верувам дека тоа не ги интересира моите фанови и дека таквите работи повеќе би ме повредиле отколку што би ми помогнале. Веројатно затоа луѓето ме сакаат. Нема ништо посебно да се каже. Не се движам никаде надвор од настапите и дома. Се’ што му треба на пејачот е песна.
фото:Instgaram printscreen/ _.tea_tairovic