Лила Филиповска… Најдолговечната и се’ уште најдобрата македонска ТВ водителка на забавни програми, а последниве години веројатно и највлијателната инфлуенсерка во онлајн просторот кај нас. Дамата која речиси деценија и пол успешно го води едно од најгледаните шоу програми и секако најгледаното т.н. гејм шоу на телевизија на сите времиња во ТВ етерот во Македонија.
Не треба ништо да објаснуваме, зашто веднаш е јасно дека во прашање е квизот „Се’ или нешто“. Франшиза која успешно опстојува сиве овие години, а сега Лила како единствената негова домаќинка ја започнува 14-тата сезона со неговото снимање.
View this post on Instagram
Сепак и по толку многу години од почетоците па се до денес, во кои една цела генерација од раѓањето сега завршува деветолетка, останаа нејасни само две нешта што сите, ама баш сите – и оние што играле, и оние што допрва чекаат да учествуваат и оние што само го гледаат, живо ги занима: Кој е банкарот и кој е првиот учесник во „Се’ или нешто“?
Спасе Јовановски, попознат под прекарот Спасе “Рола до бола“ сите го знаат како презентерот на временската прогноза на ТВ Сител и од пред некое време еден од неколкуте подкастери на нивните подкасти кои одат на Интернет, а под закрила на телевизијата. Патем, Спасе е најблискиот пријател на Лила. „Нејзин човек“ за сите времиња и сите прилики… Од личен асистент до личен пријател. Момче за се’ од првиот ден, па верувале или не и за во „Се’ или нешто“ иако тоа ниту се гледа, а и само малкумина од потесниот реализаторски тим тоа го знаат!
Ако е така, а така е, тогаш веднаш се наметнува прашањето како потенцијален одговор на претходните две дилеми: Да не е можеби Спасе Рола банкарот? Или можеби…
Но, за и понатаму да нема недоумици и дилеми, самиот Спасе Рола јавно на својот Фејсбук откри каква тоа „тајна врска“ има помеѓу него и „Се’ или нешто“?
„Малку познат факт е дека првиот учесник во квизот ‘Се’ или нешто’ е кој друг ако не ЈАС!
Се снимаше пилот емисијата и јас и правев друштво на Лила, и ме земаа за “натпреварувачот” кој тогаш освои 90.000(пробни) денари. Квизот денес ја започна 14 сезона по ред на “Сител” ТВ со едниот и ист непроменет домаќин сите овие години, мојата Лики! Иако на некои им е тешко да признаат, но фактите се тие… Лила заедно со ‘Се’ или нешто’ е најгледано гејм шоу/програма некогаш прикажана во МК етер со повеќе од 300.000 гледачи дневно во изминативе речиси 15 години! Да се множат успеси!
ПС: И не, не сум јас банкарот!“ – сподели Рола откривајќи ги досега непознатите факти за најдолговечното ТВ гејм шоу во Македонија и неговата домаќинка Лила Филиповска.
Спасе Рола дефинитивно не е банкарот, ама затоа е симулатор број еден! Како прв учесник во симулацијата на ова популарно долгогодишно ТВ гејм шоу кое ќе трае додека има интерес за него.
А, колку ќе трае временската…? Веројатно додека има 4 годишни времиња. А и презентерот на истата во неа, белким ќе ја стигне и престигне во ТВ долговечноста еден ден и Лила?!
Фото: Инстаграм и Фејсбук/Rolla Do Bolla/lilafilipovska