Македонската спортска гордост, нашиот шампион, најпопуларниот и најуспешниот македонски натпреварувач во автомобилски трки, Игор Стефановски Иџе, постојано има причина да слави.
Иџе постојано е во трка и во движење, овој пат мораше да биде во вистиско време на најважното место, најважната животна цел, домот и семејството.
Причина за тоа беше роденденот на ќерката Нина кој наполни 14 години. Тато, мама и братот Олег на 4-ти октомври имаат важен повод да бидат заедно, да ја дополнат возбудата, убавото и среќата која е на нивна адреса.
-Срекен роденден Нинче мое , продолжи да блескаш како сонце и да ги исполнуваш срцата на сите околу тебе! Те сакаме до небото и назад!- пишува гордиот тато Иге во објавата која ја сподели на својот Фејсбук уште рано утринава.
Инаку, сопругата Ема, синот Олег и ќерката Нина неодамна му правеа друштво на тато на трката во Хрватска, па како и секогаш беа неговата најголема поддршка.
Среќен роденден Нина!
фото: Facebook/ Igor Idze Stefanovski