Оваа фолк пејачка заминува на настапи за Австралија, позната македонска фолк група ќе има настапи во Америка и Канада, популарниот македонски поп пејач ќе пее во Германија, нашата поп пејачка викендов ќе пее во ноќен клуб во Швајцарија… се само дел од насловите кои секојдневно можете да да ги прочитате во македонските портали или во вид на реклама слушнете и видите на Јутјуб, Интернет или во некој од електронските медиуми.
И не е ништо ниту чудно, ниту невообичаено и претставниците на нашата по теркот на светската и регионалната естрада да имаат настапи надвор од својата татковина. Така ем ги проширувате пазарот и популарноста, ем заработувачката е доволно „мрсна“!
Но, како што во секоја област постојат исклучоци, така и во естрадната професија… И за да го потврдат правилото и за да бидат своевиден феномен кој ги издвојува од другите! Зашто некои нешта заслужено отскокнуваат!
Најновиот пример со македонската група „Меморија“ и нивниот претстоен концерт на 16-ти ноември во арената „Борис Трајковскки“ е најдобар пример за кажаното, зошто бендот спаѓа во споменатите феномени… Едни од ретките, ако не и единствени!
Имено, на ФБ профилот на лидерот на групата Петар Георгиевски Камиказа секојдневно пристигнуваат разни пораки, прашања, барања… но и нешто кое не е ништо од ова, туку е гест за поклон! И кон оној што го направил и кон оние кои се причина за истиот – групата „Меморија“!
Имено, еден нашинец по има и презиме Дејан Јакимовски, кој по потекло е од Битола, а како што вели, цела деценија живее и работи во Лондон, специјално за викендот кога е закажан големиот славенички концерт на „Меморија“ за себе и целото семејство резервирал авионски билети и купил влезници за концертот, па специјално за тој настан си доаѓа назад дома, во Македонија.
Нешто што ретко се гледа и случува, особено ако поводот не е некаква семејна радост или друг семеен повод, туку рок концерт на македонска група!
И како што вели самиот лидер на бендот Георгиевски, човекот не е единствениот, зашто цела група од 10-ина 15 нашинци од Германија истото му го најавиле. А никого од споменатите тој лично не го ни познава!
И додека македонските пејачи и групи одат да настапуваат во дијаспората, само за концертите на „Меморија“ дијаспората си доаѓа дома за да ги слушне и види! Ете затоа „Меморија“ е не само естраден исклучок, туку и своевиден македонски музички феномен!
Foto: Instagram/ВИС Меморија/Petar Georgievski – Kamikaza