Беби Дол, некогаш голема ѕвезда на стара Југославија, не се појавува често во јавноста, а сега на социјалната мрежа ТикТок се појави нејзино видео.
Имено, нејзината пријателка ја снимила пејачката додека во театар ја чекала представата. Она што сите го забележаа е дека таа е боса, а глетката изненади многумина.
– Во ложата сме, ја чекаме представата. Стигнав од еден прекрасен пат. Претпоставуваме дека овде ќе биде многу повесело и многу побучно, само за почеток. Салата е полна – рече Беби.
@zorancumura Bebi 💞 #fyp #fypシ゚viral #foryoupage #bebidol #zorancumura ♬ original sound – Ćumura
Да потсетиме, се пишуваше дека пејачката наводно била на работ на егзистенцијата, како и дека наводно се хранела во Националната кујна. Сепак, Беби ги негираше овие наводи.
– Еве јас сум во моето маало во мојата прекрасна куќа, не би се срамела и да сум била во Народната кујна, не дај Боже, но не сум била. Се грижам за моето семејство, мајка ми, а не знам од каде им е такво нешто – изјави пејачката која е во емотивна врска со извесен Алекс Тодоровиќ.
фото: printscreen/tiktok