Веста дека Мелина и Харис Џиновиќ се разведуваат по повеќе од две децении се уште е една од главните теми на јавноста. Сега водителката Јована Јеремиќ ја донесе пресудата и кажа зошто не се изненадила кога слушнала дека на љубовта и дојде крајот.
– Не ме изненади нивниот развод. Мелина е многу помлада од Харис и изгледа неверојатно. Харис е старец, логично беше дека ќе дојде до развод. Таквото пиле нема да остане со него до крајот на животот, тој влезе во сериозни години и всушност може да и биде татко, а не партнер. Затоа жената е незадоволна и сосема е оправдано да се разведе – изјавила медиумската водителка, додавајќи на шпекулациите дека Мелина била неверна.
– Мислам дека задоцни со разводот, требаше да го направи тоа порано, а не да дојде во ситуација да ја нарекуваат прељубничка. Јас целосно ја разбирам причината за нејзиното заминување и Харис треба да го разбере тоа и да остане пријател. Единствениот проблем е ако го изневерувала додека биле во брак, тогаш не е морално.
View this post on Instagram
Јована кажа која според неа има најдобар однос со бившиот партнер. – Само јас и Ана Севиќ имавме најздрави разводи и затоа останавме во феноменални односи со бившите сопрузи. Со тек на време сфативме дека треба да ставиме точка на брак кој никаде не оди – заклучи Јована за „Стар“.
View this post on Instagram
Да потсетиме, Харис Џиновиќ неодамна за „Блиц“ проговори за разводот.
– Не знам зошто се крена толкава врева, тоа е обичен процес, обичен развод. Има една стара поговорка „Изневерениот маж последен дознава“, некој тоа не го измислил за џабе.
Фото: printskrin/instgaram/jeremicjovana/You Tube printscreen/ Nenty News