Пејачката Вики Миљковиќ и нејзиниот сопруг Драган Ташковиќ Ташке заминаа на одмор, од каде споделија жешка објава.
Имено, нивниот избор овој пат падна на Турција, а Вики на својот Инстаграм профил се пофали дека уживаат на јахта. Виолета блескаше од среќа додека Ташке ја бакнуваше во глава.
На почетокот сите мислеа дека Вики не носи костим за капење, бидејќи тоа не се гледаше на сликата, но изгледа дека пејачката се одлучила за топ без прерамки.
Покрај тоа, таа во описот на фотографијата ја додала и својата песна „Ником ни је лепше него нама“, што е уште еден показател дека одлично се забавуваат на море.
фото: printscreen/instagram/viki_miljkovic