Радио Милева мора да ги „издиши“...

Сите ги зголемуваат, а бугарската фолк ветеранка ќе ги намалува: Рени со помали и поцврсти гради (ФОТО)

Сите ги зголемуваат, а бугарската фолк ветеранка ќе ги намалува: Рени со помали и поцврсти гради (ФОТО)

Бугарската пејачка Рени Александрова Гајтанџиева пред петнаесеттина години важеше за една од најатрактивните фолк пејачки во регионот.

Кај Балканската публика особено остана запаметена по дуетот со Еро Ојданиќ „Мерцедес“, а потоа сними и смешна песна со диџеј Крмак „Папагал“.

Бугарската фолк ветеранка е сопственичка на едни од најбујните гради на комшиската естрада, а не се срами од покажување на своите адути и на  возраст од 55 години.

Но, нејзиниот менаџерски тим одлучи дека за доброто на нејзината кариера, пејачката ќе мора да ги жртвува своите гради – или барем дел од нив – ако сака да остане актуелна во иднина.

Според бугарските портали во агенцијата на Рени, едногласното мислење на нејзините продуценти било дека со тоа што се пофалила со нејзините „старечки вимиња“, таа само ја губи публиката. За таа цел пејачката итно ќе направи операција за намалување на градите и за месец и половина ќе ги изненади сите со помали и поцврсти гради.

 

За продуцентите потег што ќе им донесе повеќе, додека некои од  долгогодишните обожаватели на цицлестата фолкерка сметаат дека со тоа „жанрот многу ќе изгуби“!

Целта е да се претстави новиот изглед на Рени на заедничкиот концерт со Лепа Брена, кој претстои на 6 ноември во хала 1 на НДК. Не е тајна дека бугарската пејачка и југословенската икона се блиски пријатели речиси три децении. Кога Рени остана без пари по раскинувањето со Борис Пилософ, Брена и подаде рака за помош. Според кажувањата на нивни заедниќки познаници, Лепа Брена на Бугарката и дала заем од 50.000 евра без камата, а парите не ги барала половина година, додека колешката не успее да застане на нозе.

Фото: Фејсбук/Рени Александрова Гајтанџиева

Извор: Lupa.bg

 

To top