Мегафон На 2-ри ноември во СЦ „Јане Сандански“

Тино и Атанас со свое стендап шоу: „(Нат)просечен Македонец“

Тино и Атанас со свое стендап шоу:  „(Нат)просечен Македонец“

Актерите Атанас Атанасовски и Тино Костадиновски ќе одржат заедничко стендап шоу наречено „(Нат)просечен Македонец“ на 2 ноември во салата „Јане Сандански“ во Скопје.

„Ова ќе биде првиот голем стендап одржан во голема сала во Македонија“, велат организаторот на настанот.

Гостин ќе биде комичарот Стефан Николовски. Влезниците ќе бидат во продажба преку мрежата на ticketx.mk.

Атанасовски и Костадиновски се познати како дуото Тино и Атанас. И двајцата се актери во Театар Комедија. Во моментов се на турнеја низ Германија со стендап шоуто „Шпрехензи дојч“, која почна на 20 септември во Хамбург, а ќе заврши на 13 октомври во Минхен.

Фото: К. Попов

To top