Седумнаесет бендови и музичари од шест држави ќе ја сочинуваат програмата на 14. издание на фестивалот на нова музика Здраво млади во Скопје. Ќе се одржи низ Младински културен центар на 11 октомври и влезот ќе биде слободен. Куратори на програмата се скопската издавачка куќа „Мртов коњ/Гола планина“ и издавачката куќа „Југофутуризм“ од Ротердам.
И додека првите избраа главно домашни имиња, како Димиш, „Вагина корпорација“, „Занаду“ и „Пепи и Шабан“, „Југофутуризм“ направи селекција од холандски бендови. Покрај нив, на фестивалот ќе настапат и групи од Србија, Хрватска и Полска, како и редовниот гостин, диџеј Фиц од Ирска.