Радио Милева обвинета за мобинг

Никој не сака да работи со Меган Маркл: „Дури и возрасните мажи ги доведува до солзи“

Никој не сака да работи со Меган Маркл: „Дури и возрасните мажи ги доведува до солзи“

Меган и Хари ги имаат проблем со пронаоѓањето на соработници и вработени, а исто така се појавија гласини дека тие двајцата се најлоши работодавци, и вината за тоа ѝ се припишува на Меган.

Најновиот пример за ова е текстот објавен во „The Hollywood Reporter“ во коешто соговорниците ја опишуваат Меган како „диктаторка на штикли којашто ги принудува возрасните мажи да плачат“.

„Сите се ужаснуваат од Меган, таа ги понижува луѓето, не прима ничиј совет. Двајцата се лоши во донесувањето одлуки, често ги менуваат мислењата. Хари е многу, многу шармантна личност, но тој ѝ овозможува на Меган да се однесува така, а таа е едноставно грозна“, изјави анонимен извор близок до парот.

„Апсолутно е неумолива. Таа маршира наоколу како диктатор на високи штикли. Се лути и дава наредби. Гледав како возрасните мажи ги доведува до солзи“, изјави друг извор.

Меѓутоа уште во 2018 година, во Бакингамската палата беше истражувано однесувањето на Маркл откако двајца помошници се пожалија на мобинг. Резултатите од ова истражување никогаш не беа објавени, а Маркл тврдеше дека тие тврдења биле дел од кампањата за нејзино „оцрнување“.

Од друга страна кога станува збор за бизнисот на Хари и Меган, според „Hollywood Reporter“, Џош Кетлер, познатиот работен консултант од Санта Барбара е еден од последните нивни вработени којшто ја откажал соработката со нив, а работел само три месеци како шеф на персоналот.

„Тој стана член на сè поголемиот број на луѓе којшто ги „преживеале Сасексите“ како што себеси се нарекуваат нивните поранешни вработени. Пред Кетлер, тоа беше Тоја Холнес, којашто работела како глобална секретарка за односи со јавност до 2022 година и Кристин Вејл Ширмер којашто како шефица на нивниот „ПР“ даде отказ во 2021 година. Истата година си замина и Саманта Коен, којашто ѝ беше главна и лична асистентка и помошничка на Меган“, пишува „Hollywood Reporter“.

Немилосрдното претставување на војвотката е во особен контраст со начинот на којшто Меган сака да се претставува во јавноста, како нежна, емпатична личност со голема насмевка на лицето, како некој којшто ги разбира животните борби. Во последните години таа стана голема обожавателка на бестселерот на авторката на книгата за самопомош, Брена Браун, којашто ги поттикнува читателите да „ја негуваат благодарноста и радоста во своите животи“.

Кога во август заедно со сопругот, беа на турнеја во Колумбија, Меган објасни дека таквиот нов став кон животот и донел голема среќа и изјави: „Ако сакате да бидете благодарни за својот живот, морате да биде благодарни за сите негови аспекти“.

фото:Instagram printscreen/ marklemeganoffical

To top