Ако се подготвувате за зимата, не смеете да го заборавите сосот од домати.
Потребни состојки:
-5 кг домати
-2,5 лажици сол
-5 лажици шеќер
-2 лажици алкохолен оцет
– црн бибер
-оригано
–босилек
-мајчина душица
Начин на подготовка:
Излупете ги доматите, исечкајте ги и смелете ги. Исцедете ги семињата. Сварете го сокот. Додадете ги зачини и варете до саканата густина. Истурете го сосот во стерилизирани тегли, а потоа добро затворете ги.
Наредете ги во рерната на 90 степени 90 минути, а потоа исклучете ја рерната и оставете ги теглите преку ноќ.
Добар апетит!
фото: FreePick