Актерката Радмила Живковиќ открива дека во текот на кариерата доживеала непријатно искуство со колега.
Како што објаснила, таа и Љубиша Самарџиќ снимале сцена во која тој е сликар, кој го насликал нејзиниот портрет со голи гради.
-Тој е сликар, замислил дека тој портрет го направил со голи гради. Имав и свилена блуза, груба и јака. На пробите правеше се како што треба, а кога беше вклучена камерата почна да ме откопчува и да се обидува да ме соблече. Го држев со двете раце, бидејќи не смеев да ја прекинам сцената. Кога дојде ред да застане, видов дека имам крвава расекотина од таа сила – вели Радмила Живковиќ покажувајќи кон рацете.
Таа понатаму наведува дека целата ситуација и била многу тешка, но не ја пропуштила можноста да се одмазди на колегата.
– Плачев, не пред нив се разбира, а кога заедно снимавме филм после 20 години, го „убив“ со чадор. Го претепав со чадорот. Зоран Цвијановиќ сакаше да го брани, Љубиша Самарџиќ, нека му е лесна земјата. Тоа е анегдота, ми остана цел живот – вели Радмила Живковиќ.
фото:Printscreen/ You Tube/ Zelena Šljiva/ Prva TV