Илда Шаулиќ со години е на јавната сцена, но ретко кој го знае нејзиното вистинско име.
Легендарниот крал на народната музика Шабан Шаулиќ зад себе остави три деца од бракот со сопругата Гордана – Санела, Михајло и Илда.
Иако за кратко време Илда ја освои публиката со својот глас, малкумина знаат дека нејзиното вистинско име е Илдуза, со арапско потекло и значи „среќна ѕвезда“ и е варијанта на името Џилдуза.
Името го добила по нејзината баба Илдуза Демировиќ, мајката на Шабан, од која пејачот го наследил талентот за музика.
Илда пред нејзиниот сопруг сакаше маж кој беше 30 години постар од неа. Како што еднаш рече популарната пејачка, тој е бизнисмен, а разликата во години не била пречка за нивната љубов.
Нивната романса започнала кога пејачката била во раните дваесетти години, а траела дури 15 години.
– Неговата возраст никогаш не ми пречеше, напротив. За да функционира добро врската, мажот мора да биде постар од партнерката, бидејќи е позрел и знае што сака од животот – истакнала пејачката во едно интервју.
-Иако многумина, како мене, веруваа дека ќе се закити со брак, за жал дојде до разделба. Сега продолжувам понатаму. Најважно е што останав во добри односи со бившиот партнер и дека ќе имам заштитник во него кога и да е потребно – изјавила Илда Шаулиќ по раскинувањето.
фото: printscreen/instaгram