Вечерва, со почеток во 19 часот, во Домот на културата во Пробиштип, а во рамките на Рудар Рок Фест 2024 ќе се одржи промоција на книгите на Тошо Филиповски и изложба на фотографии од минатото на рокенролот во Македонија. Ќе бидат изложени повеќе од триесет ретки фотографии од рок настани од шеесетите години па наваму.
Ќе бидат промовирани четири книги: Македонска Рок Енциклопедија, Македонска Дискографија – Винили, Македонски Рок-Времеплов, Мизар- Откровенија 1981-2021.
Истовремено ќе се разговара и за неговата нова книга која набрзо треба да биде издадена.
Тошо Филиповски е еден од најистакнатите музички новинари кој ја следи и промовира рок културата во Македонија во последните триесетина година. Активен и пасиониран собирач на артефакти, изданија и информации за македонската рок- сцена.