Мегафон фестивали

Прво издание на „Ајде Фестивал“

Прво издание на „Ајде Фестивал“

Почитувани чест и задоволство ни е да ви го најавиме и претставиме првото издание на фестивалот АЈДЕ, кој ќе се случи на 4-ти Септември во паркот Васко Карангелески во Општина Аеродром, со почеток од 18:00 часот. Преку богата урбана,музичка и културна програма допринесуваме за збогатување на културната содржина на Општина Аеродром и Град Скопје.

Воедно фестивалот предвидува и едукативен дел каде нашите партнери Хајделберг Факултет ќе допринесат за збогатување на содржината на фестивалот. Исто така од областа на едукацијата ги имаме и МЈУЗИК ЛАБ музичко училиште кои со своите ученици ќе оддржат рок концерт на главната сцена. АЈДЕ ФЕСТИВАЛ воедно сака да прерасне и во платформа на вмрежување на домашните компании со локалното население за што предвидуваме штандови на кои граѓаните ќе можат да дојдат до информации за компаниите, како и за потенцијално вработување во истите.

Нашиот фестивал е инклузивен и хуманитарен, во него учество ќе земат и здруженијата “ВО МОЈ СВЕТ” и АЦТ фондација и ХУМАНИТАРНИ АКЦИИ .МК, но и Општина Аеродром кој безрезервно дадоа своја поддршка кон афирмација на овој уникатен фестивал. Во понудата на фестивалот вклучено е и одлично домашно крафт пиво од Темов и колбаси како би понудиле на гостите едно поинакво гурманско доживување.

Ве покануваме на првото издание на АЈДЕ ФЕСТИВАЛ на 4-ти Септември во Аеродром заедно да започнеме една нова урбана приказна.

To top