Радио Милева која што би одбрала и каде била...

Адријана, Тања, Ведрана, Нина… познатите Македонки „збудалеа“ по новите Интернет апликации кои ја откриваат личноста: Која на што е поголема мераклика, а која е најшетана? (ФОТО)

Адријана, Тања, Ведрана, Нина… познатите Македонки „збудалеа“ по новите Интернет апликации кои ја откриваат личноста: Која на што е поголема мераклика, а која е најшетана? (ФОТО)

Интернетот е широко поле за многу нешта, па и за забава. Секојдневно нуди нови можности, а меѓу останатото и апликации навидум се од забавен карактер, ама ако подобро ги простудирате, и самите ќе заклучите дека и тоа како го опишуваат вашиот карактер. Или поточно личноста, на оној што ќе ги пополни! Можеби не 100%, ама доволно за да му ги дознаете, желбите, потребите, навиките… со еден збор – нешто како мини профил на личноста, со која потоа можете да ги споредите разликите, а и сличноста.

Токму по две од нив последниве денови „збудалеа“ многумина, меѓу кои и познатите Македонки. Познати пејачки, водителки, инфлуесерки, модели… тргнаа да се проверат и покажат што табиет имаат, на што поголем мерак му фрлаат, кога веќе нешто мора да се избере од две понудени варијанти, а и каде се’ по Европа шетале!

За струмичката инфлуенсерка и модел Љупка Митрова да не се повторуваме, зашто веќе опсежно објавивме… Може само да ве потсетиме со едно кликнување ТУКА.

Интернет апликацијата открива каква личност е сексапилната струмичанка: Еве на што се’ е голема мераклика Љупка Митрова (ФОТО)

На македонската фоклкерка Адријана Ацевска попозната како Адријана Кеш Инстаграмот и е уште свеж со истата апликација, само со малку поинаква варијација во изборот.

Од прикажаното може да се заклучи дека пејачката е кафеџика која повеќе преферира бургери и украси во вид на тетоважи, ноќна птичка на која мобилниот не сака да и ѕвони, туку да чита и пишува пораки. Зашто по се’ изгледа г-ца Кеш многу повеќе ја возбудува кога се допишува, отколку кога зборува или шепоти. Особено ако пораките се полни со слатка возбуда, а не со празни зборови…

Нејзината „сестра по микрофон“ или по професија како сакате, фолк пејачката Тања Јовановска Трајкова е соосема поразлична.  Чиста спротивност од колешката, со исклучок на мали заеднички сличности како кафето и тетоважите.

Она што ја прави поинаква е меракот на пица наместо на бургери, убавината на денот на спроти ноќта, а и зборувањето наместо допишувањето од било која далечина и дестинација, кога е во прашање мобилната комуникација.

Затоа пак атрактивната велешанка со кумановска адреса има уште една скриена страст, која што приватно, што професијата и ја овозможува, а тоа е можноста надалеку да патува. Пејачките ги бараат насекаде за настап, па и во дијаспората, а пак затоа, онака добро „нафатирани“ што од  „мрсниот хонорар“, што од „дебелиот бакшиш“, потоа можат да си ја приуштат секоја дестинација што ќе ја посакаат.

Впрочем, листата на посетени земји и тоа само низ Европа, се гледа дека е баеги штиклирана, кога е во прашање Тања Јовановска Трајкова.

Кога сме веќе кај прошетките, ако ја погледнете истата апликација споделена од ТВ водителката и инфлуенсерка Ведрана Ѓорѓевиќ, лесно може да заклучите дека доскорешната девојка „од златниот тепих“  е една од најшетаните Македонки… Барем од овие што се се’ уште во државава. Се разбира Ноне Неделковска тука е вон секоја конкуренција!

Нејзината листа на посетени европски држави е речиси полна од горе до долу… И остануваат уште понекоја од прибалтичките републики и оние неколку нордиски земји. Другото е веќе видено за долгоногата убавица, за која во шетањето и во љубовта –  нема граница.

Момчето и е од Србија, а пасошот полн како термини за вадење нов!  И останува уште да го допополни со уште некоја европска посета, а животот комплетира со судбоносното – ДА!

Убавата сопруга на  некогашниот „министер за одбрана“ , сега актуелен министер за спорт во новата Влада на Република Македонија, Борко Ристовски, некако, како е во се’ да е „умерена“? Речиси на половина, на 50% и се афинитетите, желбите и меракот, кога е во прашање „или – или“ изборот?!

Или барем тоа така изгледа од пополнетата апликација за тоа каква личност е Нина Ристовска по прашње на избраната понуда!

Добро, не дека едно од друго малку повеќе не преовладува кај неа во секој избор, ама сепак, речиси во се’ тешко се одлучува, сонценцето лево или десно до крај да го помести. Нина е и за кафе и за чај подеднакво, малку повеќе за пица отколку за бургери, како и за слатко во однос на солено… Ако веќе мора, подобро тетоважа отколку пирс, повеќе е будна и активна дење отколку ноќе, а не ја ни мрзи толку да пишува, колку да зборува, кога е во прашање мобилната комуникација. Се на се’ – Нина е некаде на половина!

И тоа би бил отприлика денешниот избор… Другите познати дами  побарајте ги сами на социјалните мрежи и дознајте само со еден споделен емотикон и без изустен збор, каков е нивниот „или-или“ избор?!

Фото: Инстаграм/ljupka_mitrova/tanjajovanovskaa/ninaristovska/vedrana_edrana/adrijana_acevska

 

 

To top