Мегафон прослава

Журка со електронска музика по повод пет години „Пи-Ем-Џи танц дигитал“

Журка со електронска музика по повод пет години „Пи-Ем-Џи танц дигитал“

На 10 август од 21 часот, во градината на кафулето „Пин“ во Старата скопска чаршија ќе се одржи промотивен музички настан по повод 5 години активна работа на издавачот на електронската музика „Пи-Ем-Џи танц дигитал“.

Музичката платформа е основана од Мирко Попов и Андреја Салпе во 2019 и во своето петгодишно постоење има 23 музички изданија регистрирани на Бендкамп. Освен издавање музика, „Пи-Ем-Џи танц дигитал“ има и континуирана активност во организирање промотивни музички настани, програми и клупски вечери.

Настанот ќе се одбележи со електронска музичка програма. За првпат свој соло настап ќе има Андреја Салпе (фото), музички продуцент од новата генерација, а диџеј сет ќе има и Виолета Качакова.

 

To top