Радио Милева Благодарна за сè

Андријана Петрушовска позираше покрај морето како модел, а следбениците и поделија совети: „Немој да станеш …“ (фото)

Андријана Петрушовска позираше покрај морето како модел, а следбениците и поделија совети: „Немој да станеш …“   (фото)

Талентираната скопјанка Андријана Петрушовска реши да одмори од настапите и да замине на море.

Таа летната атмосфера ја исполни со кадри позирајќи во бикини и покажа како ужива во топлите летни денови.

Сепак, пејачката не ја откри локацијата пред следбениците, но за нив тоа воопшто и не е важно.

 

Поважни им се фотографиите во бикини во разни пози крај сината шир  на летната дестинација која ја одбрала. Зашто истите се вистински доказ за нејзината природна убавина која ја краси покрај гласот со кој  плени.

Но, покрај позитивните комплименти кои ги доби и следбениците и дадоа и неколку совети :

„Навистина преубава девојка“, „Не ставај никакви силикони“, „Немој да станеш како српските пејачки полни со силикони, негувај го лицето и телото на природен начин“, и порачаа тие.

На најновата објава пејачката позира во жолто бикини кое го покрила со бела наметка за се’ да биде беспрекорно, а во описот напиша :

„Бидете длабоко благодарни за сè“

Пејачката преку фотографиите кои ги сподели на социјалната мрежа покажа дека е во совршена форма, а позираше како вистински модел, полна со енергија.

фото: print Screen/ Instagram/andrijanapetrushovska

To top