Македонката од прилепско Лажани која годинава стигна до петтата позиција од финалето на „Ѕвездите на Гранд“ се сврши.
Осумнаесетгодишната Мелиса Зиајдиќ се сврши со своето долгогодишно момче Ајдин, а овој нејзин голем ден го најави неодамна кога објави дека пробува модели на венчаници.
Љубовта меѓу младата пејачка и нејзиното момче трае околу 3 години, а откако запросувањето падна неодамна и пејачката доби веренички прстен, сега се одржа и официјалната церемонија која многумина ги потсети на кадрите видени во турските серии.
Пристигнаа бројни и скапи подароци и неколку торти со иницијалите на среќната двојка.
Меѓу нив се издвои сет златен накит за невестата, како и прекрасен часовник.
Пејачката беше цела во злато, а шмек на романтика и гламур даде богатата цветна декорација, пред се од рози.
На свечената свршувачка се сретнаа семејства од „двете страни“, како што налага редот.
18-годишната пејачка не ја криеше возбудата што наскоро ќе стапне на лудиот камен, а првите впечатоци ги сподели со Гранд онлајн каде кажа:
-Очекував, планиравме да се вериме. Многу сум среќна – изјавила Мелиса.
фото:instagram printscreen/ melisazijadic