Љубов и секс

Зрелоста е секси: Шест вистини за сексот кои жените ги учат во триесеттите

Зрелоста е секси: Шест вистини за сексот кои жените ги учат во триесеттите

Општопознато е тврдењето дека жените во триесеттите најмногу уживаат во сексот. И додека некои се согласуваат со оваа констатација, други сметаат дека тоа создава голем притисок бидејќи тоа е сосема индивидуална работа, пишува „Дневник“.

Таа конвенционална мудрост за врвот на женската сексуалност во триесеттите всушност се потпира на прифаќање себеси и фокусирање на сопствените желби и потреби, а не на задоволство на партнерот, како што обично се случува во дваесеттите.

Во продолжение прочитајте што учи секоја жена за сексот во триесеттите.

1. Точно знае што сака
Додека жените во дваесеттите сè уште ја развиваат својата сексуална интелигенција, во триесеттите тие точно знаат што сакаат. Самите, научени од искуство, можат да заклучат што очекува партнерот од нив и да реагираат доколку не им се допаѓа таквата врска.

2. Љубовта и сексот се најдобрата комбинација
Експертите се согласуваат дека сексот е одличен за нашето здравје, без разлика дали го консумираме во врска или тоа е само случајна авантура. Во нашите триесетти, учиме дека емпатијата, грижата за другите и самољубието може да ги зачини игрите под чаршафите.

3. Довербата е најсекси
Најдобар секс е оној во кој двете страни се задоволни. Кога се помлади, жените сакаат да ги скријат несовршеностите (како што се стомачето, целулитот и стриите), но во триесеттите – сето тоа станува неважно. Тогаш жената го запознава и прифаќа своето тело, пука од самодоверба и на тој начин ја гради својата заводливост.

4. Удобноста е најважна
Колите, кујните, скалите и останатите места изгледаат толку привлечно во филмовите. Сепак, во триесеттите, жените сфаќаат дека најдобриот секс е удобен секс, па затоа креветот најчесто им е прв избор.

5. Поставување граници
Експериментирањето е едно, но излегувањето од зоната на удобност е сосема друго. Во триесеттите, жената точно знае кои се нејзините граници. Таа знае јасно да ги дефинира и да му објасни на партнерот на што е подготвена, а што не доаѓа предвид.

6. Деталите за сексуалниот живот се само за моите уши
Во своите дваесетти, жените споделуваат сè со своите пријатели, а во триесеттите учат дека е најдобро да ги чуваат деталите за себе.

фото:Freepik
извор:точка

To top